Фејсбук ги извести корисниците на Месинџер и на Инстаграм во Европа дека некои опции во моментот се привремено недостапни.
Пораката, неделава, се појави во апликациите на Фејсбук Месинџер и Инстаграм за европските корисници напоменувајќи дека некои опции не се достапни поради „почитувањето на новите правила за услуги при размена на пораки во Европа“.
Фејсбук не наведува точно кои опции ќе недостасуваат, но фирмата на своите страници за поддршка открива дека анкетите и на Месинџер и на Инстаграм во моментот не се достапни во Европа.
Исто така недостасуваат налепници на Инстаграм и нема можност за персонализирани одговори на Месинџер. Останатите недостатоци може да вклучуваат праќање одредени датотеки на Месинџер како и неможност за поставување прекари.
Не е јасно кога Фејсбук ќе ги врати овие можности за европските корисници, но портпаролот на комапнијата тврди дека повеќето ќе се вратат многу брзо.