
Американското истражно биро ФБИ соопшти дека има планови за вооружени протести во главните градови на сите 50 американски држави и во Вашингтон, со наближувањето на денот на инаугурацијата на новиот претседател. Овие планови предизвикаа загриженост по минатонеделните насилни протести во и околу Капитол Хил. Според проценките, протестите може да започнат уште оваа недела и да траат до денот на инаугурацијата на Џо Бајден.