На националното законодавство е да одлучи дали вакцинацијата против Ковид-19 ќе биде задолжителна или неопходна во одредени случаи, а Европската комисија нема надлежност за тоа, изјави денеска портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмакер.
Во врска со различните ставови низ ЕУ за обврската за вакцинирање против Ковид-19, односно неопходноста од докажување за вакцинација со цел извршување на одредени дејствија, како што се патување со авион или влегување во ресторани, ЕК вели дека тоа е на државата да одлучуваат за тоа како дел од нивните кампањи за вакцинација.
– Во исто време, ја нагласуваме важноста од продолжување на вакцинацијата на граѓаните. Тоа е најдобриот начин да се најде излез од оваа пандемија. И тоа е особено важно за оние кои се во ранливи групи и имаат поголем ризик од инфекција со нови видови – вели Керсмејкер.
Брисел повторува дека целта на 70 проценти од вакцинираната возрасна популација во ЕУ е остварлива до крајот на јули, бидејќи доволен број вакцини се доставени до земјите-членки.