Вториот македонски претставник во СЕХА лигата, тимот на Еурофарм Пелистер на почетокот од сезоната во регионалното натпреварување имаше два гостински предизвици, ги загуби и двете средби. По поразот од Војводина во првото коло, сега го загуби мечот и од Нексе со 29-25.
Хрватскиот тим водеше во текот на целиот натпревар, Пелистер во ниту еден момент не го почувствува вкусот на водството. Битолскиот тим на трипати во првото полувреме имаше реми и тоа беше се што направија.
Првиот дел заврши со три гола предност за Нексе, 15-12. Во еден момент од вториот дел домаќините имаа и највисоки седум гола разлика, 23-16. На крајот пелистерци успеаа само да се изборат за попристоен пораз, конечниот резултат беше 29-25 за хрватскиот тим.
Најдобар стрелец на Пелистер на овој меч беше Радовиќ со пет голови од пет шута, четири постигна Костески. Кизиќ имаше пет одбрани. Следниот натпревар на Еурофарм Пелистер е на домашен терен против Војводина, мечот се игра на 2. март.