ЕУОбсервер утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање.

Advertisements

Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската Комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ.

Според документот во кој ЕУОбсервер имал увид Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Пред неколку дена Франција најави заострување на визниот режим за земјите од Магреб.

Франција вели дека има посебно проблем со барања за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека Германија се жали на барања од Албанија и другите три земји од Источното партнерство.

Македонците би можеле да и претстават проблем на Белгија каде ова лето рипнале барањата од Северна Македонија. Белгија меѓутоа чека да види дали станува збор за изолиран феномен.

Извор: EUobserver

Прикажи повеќе