Ако Европска агенција за лекови (ЕМА) на 21 декември ја одобри вакцината на Фајзер, Европска комисија во рок од два дена ќе дозволи вакцината да биде на пазарот, изјави денеска портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Тој потенцира дека ставот на ЕК е вакцинацијата да почне координирано и што е можно побрзо откако ќе се потврди ефикасноста и безбедноста на вакцината.
Според Мамер, ЕК е подготвена да ја поддржи распределбата на вакцината против Ковид-19 во сите земји-членки на ЕУ во исто време и тоа сразмерно со бројот на жители.
– Првата тура вакцини ќе биде распределена во сите земји-членки сраземерно бројот на жители. Тоа е најправеден начин за сите, истакна Мамер.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.