Трансферот на средства од Коридорот 8 во Коридорот 10 е невозможен. Ова го изјави Штефен Худолин, раководител на секторот „Соработка“ при делегацијата на Европската Унија /ЕУ/ во Скопје, извести пратеникот на БГНЕС во главниот град на РС Македонија, Димитар Русков, пренесува Трибуна.
На прашање на БГНЕС во врска со барањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Худолин одговори: „Има јасни рокови, што треба да се направи и до кога ќе се направи (од македонска страна)“.
Тој одби да ги коментира тврдењата на македонскиот премиер Христијан Миткоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски дека имало обиди за „поткуп“ во однос на пругата кон Бугарија.
БГНЕС потсетува дека голем дел од проектот е финансиран од Брисел, во комбинација од значителен грант и средства од ЕИБ и ЕБОР.
Официјалниот претставник на ЕУ потсети на клучното значење на стратешкиот Коридор 8 (Варна-Драч) за целиот регион и објасни дека тоа не ја намалува важноста на Коридорот 10 (Грција-РСМ-Србија-Унгарија – забелешка на уред.)
„Условите за втората меѓувладина конференција и пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ се јасни. Тие се јавни, секој може да се запознае со нив“, рече Худолин и во врска со европската интеграција на Скопје.