…објавија од Европската комисија.
„Целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација во ЕУ против Ковид-19 до крајот на јули е исполнета“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа истакна дека ЕУ, по бавниот почеток на вакцинацијата, главно поради проблеми во испораката на вакцини, го достигна и го надмина просекот на вакцинираните во најголемиот дел од светот.
„Бројките покажуваат дека Европа е меѓу светските лидери во вакцинацијата“, вели фон дер Лајен.
Портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмакер процени дека Европската унија, со 70 проценти од возрасната популација вакцинирана со најмалку една доза на вакцина, достигна „значајна точка“ во борбата против вирусот корона.
„Треба да осигуриме дека 70 проценти од возрасната популација во ЕУ е целосно вакцинирана“, рече тој.
Од ЕУ велат дека доволно вакцини се доставени до земјите-членки со цел да се исполни оваа цел и дека останува на националните власти, со политичка помош од Брисел, да ја забрзаат вакцинацијата на нивната територија.