Американската плус сајз манекенка Ешли Греам е нов модел во кампањата на „Келвин Клајн“, а по тој повод таа објави фотографии на својот инстаграм-профил каде позира облечена во долна облека. Покажувајќи ги своите облини во полн сјај, Ешли ја крена „Инстаграм“ заедницата на нозе, а нејзините бројни следбеници ја опсипаа со позитивни коментари…
Американската плус сајз манекенка Ешли Греам е позната по промовирањето на ставот дека убавината доаѓа во различни форми.
Сега Ешли повторно се најде во центарот на вниманието објавувајќи фотографии на кои позира во долна облека од брендот „Келвин Клајн“.
Имено, 33-годишната манекенка е новото заштитно лице на кампањата „Келвин Клајн плус сајз“, дизајнирана од Херон Престон.
Покрај фотографија на која позира во бел топ и гаќички, Ешли се заблагодари на познатата модна куќа и дизајнерот Престон што ја вклучиле во кампањата, а коментарите под фотографијата беа многу позитивни. Нејзините следбеници го пофалија изгледот на Ешели, но исто така ѝ рекоа дека ги инспирира.
Нарекувајќи ја убавица и божица, обожавателите се согласија дека Ешли ја охрабрува секоја жена да се чувствува добро во својата кожа.
„Поради тебе, и ние жените со облини се чувствуваме убаво. Ни помагаш да се чувствуваме сигурно во сопствената кожа, а тоа воопшто не е лесно по толку години криење. Утрово се погледнав во огледало во долна облека и помислив: „Леле, јас сум убава и секси“. Веројатно нема да ги видиш моите слики, но во секој случај ти благодарам за ова“, напиша една од нејзините обожавателки под објавата на Греам.
Ешли објави и кратко видео кое покажува што се случувало за време на снимањето на кампањата. А потоа објави и фотографија на која позира во портокалов сет исто така од линијата на Херон за „Келвин Клајн“.
Ешли, која го започна трендот на вклучување плус сајз модели на модните писти, несомнено е одличен избор за новата кампања на овој бренд, особено ако се земе предвид настанот од 2014. Имено, тогаш славниот бренд ја претстави својата прва плус сајз кампања во 2014 година, а како заштитно лице ја ангажираше Мајла Далбесио и заработи бројни негативни коментари за поттикнување стереотипи и несигурност. Потоа, пејачката Бет Дито се најде во рекламните кампањи на „Келвин Клајн“, а во 2020 година, на рекламен постер во Њујорк беа претставени слики од плус сајз моделот и активистката Џари Џонс.