Младата студентка по медицина, наводно ги извадила срцето, белите дробови и цревата на нејзината мајка, а потоа мирно ја измила крвта под туш и се сретнала со своето момче, се вели во извештајот пренесен од „Њујорк пост“
21-годишната Ана Леиковиќ од Молдавија, прво ја прободела мајка си, Прасковија, која го преживеала нападот. Ана потоа започнала да ги вади органите.
-Леиковиќ е осомничена за страшно злосторство. Таа ја прободе својата мајка, а потоа и ги отстрани органите на живо, објави весникот Комсомолскаја правда, повикувајќи се на полициски извор.
Кога Ана се појавила на суд, еден од новинарите прашал дали го направила тоа на својата мајка, како што вели извештајот од полиција, а таа само се смеела и одговорила „збогум“.
Мајката се вратила од работа во Германија и верувала дека нејзината ќерка е на дрога и сака да ја испрати на лекување, што е потенцијален предизвикувач за Ана.
Истрагата за мотивот за убиството е во тек.
Во меѓувреме, полицијата соопшти дека Ана е единствената осомничена за злосторството.
Вујкото на Ана, Владимир, вели дека семејството било прекрасно.
-Прасковија многу ја сакаше својата ќерка, таа помина многу време со неа. На полицијата и требаа два часа да ми каже дека Ана е осомничена за нејзиното убиство, рече чичкото Владимир.