
Турција ќе продолжи со напорите за договорот за извоз на жито од Црното Море и покрај двоумењето на Русија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако Русија го прекина учеството во иницијативата во изминатиот викенд.
„Дури и ако Русија се однесува колебливо, ние решително ќе продолжиме со нашите напори да му служиме на човештвото“, рече Ердоган.
Одделно, портпарол на ОН рече дека првата од 40-те планирани инспекции на бродови денеска била завршена во водите на Истанбул со тим од само членови на ОН и Турција, наместо со претходните четиричлени тимови, вклучувајќи Руси и Украинци, пред суспензијата на Москва.