Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Шведска и другите европски земји дека го толерираат „континуираното присуство на терористи“, односно курдските активисти, и рече дека „екстрадицијата на бараните терористи“ е неопходност за таа нордиската земја да се стекне со право да влезе во НАТО. „Им рековме, ако не ги екстрадирате терористите што ги имате, тогаш не можеме да го ратификуваме членството во НАТО во нашиот парламент“, рече Ердоган, коментирајќи ги ветувањата на Шведска и Финска дека ќе заземат цврст став против „терористите“ со цел да се добие членство во НАТО.

Тие, како што додаде Ердоган, треба да екстрадираат 130 лица кои Турција ги смета за терористи. Како што пренесува новинската агенција Анадолу, Ердоган нагласил дека на улиците на Стокхолм често се гледаат демонстрации на „терористичката организација ПКК“ и дека Шведска не направила ништо за да ги спречи демонстрациите. „Ако тие не заземат став против оваа ситуација во Шведска, тоа може дополнително да ја зголеми тензијата во нашите врски со Шведска“, додаде Ердоган. Тој рече дека има „терористи“ во Германија, Франција и Велика Британија, иако, како што наведе, ПКК е на официјалната листа на терористички групи на Европската унија.

Прикажи повеќе