Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира утре да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ТАСС, цитирајќи го портпаролот на турскиот лидер Ибрахим Калан, кој изјави за турската телевизија НТВ.

Advertisements

Ердоган има намера со двајцата претседатели да разговара за прашањето за решавање на украинската криза.

Во исто време, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин планира разговор со Ердоган, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на руската новинска агенција Интерфакс.

Прикажи повеќе