Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган обвини дека енергетската криза во Европа се должи на санкциите што европските земји ги воведоа кон Русија поради инвазијата на Украина – теза идентична на онаа што со недели ја изнесува официјална Москва.

Тој додаде дека европските земји „го жнеат тоа што го посеале“ со воведувањето на економските ограничувања на Русија, пренесува „Франс прес“.

„Односот на Европа кон господинот Путин и санкциите што ги воведе, го доведоа Путин, намерно или не, до точка каде што рече: ‘Ако го направите ова, јас ќе го направам ова’“, рече Ердоган.

„Тој користи се’ што има на располагање, вклучувајќи го, за жал, природниот гас“, рече тој.

Портпаролот на Путин вчера изјави дека „санкциите наметнати на Русија“ се виновни за прекинот на испораката на гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1.

Прикажи повеќе