Ербас испорача 566 комерцијални авиони во 2020 година, што е за третина (34 отсто) помалку од претходната година, како резултат на тешкотиите на авиокомпаниите предизвикани од пандемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА.
Ербас, исто така, забележа 268 нето нарачки (383 не сметајќи ги откажувањата и промените) во 2020 година, во споредба со 768 претходната година, пад од 65 отсто. Испораките се сигурен показател за профитабилноста во воздушната индустрија, пред се затоа што клиентите плаќаат најголем дел од сметката кога ќе ги презмат авиони. Сепак, авиокомпаниите се тешко погодени од колапсот на воздушниот сообраќај и доведоа до тоа некои да се обидат да ги одложат или откажат своите испораки.
За да се прилагоди на пресвртот во воздушниот сообраќај, кој треба да се врати на нивото од 2019 година според предвидувањата само меѓу 2023 и 2025 година, производителот на авиони го намали производство за скоро 40 отсто оваа пролет. Сепак, тој ги предупреди своите подизведувачи да се подготват за можно зголемување на производство на 47 авиони од типот А320 месечно (40 во моментов), „веројатно не пред почетокот на третиот квартал од 2021 година”.
Репризата на воздушниот сообраќај, а со тоа и на производството, прво треба да се однесува на домашните и континенталните летови, за кои е наменет А320, повеќе се погодени летовите на долги релации, опслужени со авиони со широк труп. Книгата за нарачки на Ербас броеше 7.184 авиони на крајот на декември, наспроти 7.482 година пред тоа.