Џенифер Лопез и Алекс Родригез се во официјална врска скоро четири години. А тие се верени нешто повеќе од една година. Тие планираа голема венчавка во Италија во јуни годинава, но пандемијата на коронавирусот им ги смени плановите. Имено, сега заклучиле дека е најдобро целосно да се откажат од идејата за брак.

Иако бракот е исклучително важен за Лопез, таа тврди дека и нејзиниот вереник Алекс Родригез ги дели истите чувства. Познатата латино убавица беше принудена да ја откаже долго планираната свадба во Италија пред шест месеци поради пандемијата, а сега донела одлука дека навистина не ѝ требало брак во 50-тите години од животот.

Instagram
Instagram

И двајцата веќе бевме во брак, затоа размисливме и се прашуваме дали навистина ни требаше на наши години. Што значи ова за нас? Долго време размислувавме. Заклучивме дека не брзаме, дека ни е добро и вака“, изјави Џенифер во нејзиното последно интервју.

Instagram
Instagram

Бев многу тажна и разочарана кога требаше да ја откажеме свадбата, од причина што вложивме многу напор во планирањето на истата. Требаше да се одржи во Италија, најпогоденото место од коронавирус во тој момент. Кога ситуацијата малку се смири, се обидовме да најдеме алтернатива, но таквите работи едноставно не функционираат со сила“, изјави латино дивата.

Дека ја пронајде вистинската љубов и среќа по неуспешните врски и два брака во минатото, Лопез воопшто не крие колку ужива во друштво на поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез.

Instagram
Instagram

Нивната врска ја прифатија од децата на Лопез од нејзиниот претходен брак со пејачот Марк Ентони, како и од ќерките на славниот спортист. Сите заедно делуваат како многу хармонично семејство.

Веројатно поради мирот, среќата и хармонијата што ја ужива со него, Лопез сега не брза да стапи во нов брак.