„Global Citizen“ најавува прекрасна и амбициозна кампања за да им помогне на здравствените работници и на најсиромашните земји во светот брзо да примаат вакцини против коронавирусот. Целта на овој концерт е да за соберат средства потребните вакцинација против ковид -19 и истите да бидат дистрибуирани подеднакво до сите земји кои не се во можност да ги набава, без дискриминација.

Имено, оваа организација за борба против сиромаштијата најавува спектакуларен музички настан под името „VAX LIVE“, концерт за повторно обединување на светот, со цел да се соберат неверојатни 22 милијарди долари за глобална вакцинација. Концертот што ќе се емитува на 8 мај на бројни американски ТВ канали, но и на Јутјуб, ќе го води пејачката Селена Гомез заедно латино дивата Џенифер Лопез која е најавена како главен изведувач.

Покрај Џенифер и Селена, на овој хуманитарен проект се приклучија и други музичари како групата Фу Фајтерс, Еди Ведер, Џ. Балвин и Х.Е.Р.

„Има 27 милиони здравствени работници ширум светот кои немаат пристап до вакцината. Јас имам 38 години и не е етички да ја примам вакцината пред овие херои. Затоа, потребно е владите итно да донираат дози на вакцини во загрозени области“, изјавил Хју Еванс, директорот на оваа организација.

„Ова е историски момент за да ги охрабриме луѓето ширум светот да ја примат вакцината кога ќе им стане достапна. Да ги повикаме светските лидери подеднакво да ги споделуваат дозите на вакцини. Ги покануваме луѓето да уживаат во музичката вечер, што минатата година ни изгледаше невозможно. Едвај чекам да бидам дел од овој настан“, изјавила Селена Гомез.