Познатата актерка една своја објава на Инстаграм им ја посевти на жените кои се на важни позиции во нивните држави…

Познатата актерка Џенифер Анистон својата нова објава на Инстаграм им ја посвети на најмоќните жени во светот, поточно на жените кои се наоѓаат на важни раководечки места во своите држави.

На таа листа на ѕвездата од „Пријатели“ се најдоа бројни познати имиња, од канцеларката на Германија, Ангела Меркел, премиерката на Норвешка Ерне Солберг, премиерката на Шкотска Никол Стурџон и многу други.

Меѓу сите на оваа листа на Џејнифер Анистон се најде и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Фото: Инстаграм

„Додека светот беше замотан во бучавата од оние отпорните на промени… Промените секако се случуваат. Да ги зајакнеме жените и да го промениме светот!“, гласеше пораката на Џенифер Анистон.