Почина Ен Даглас, сопругата на Кирк Даглас и маќеа на Мајкл Даглас. Таа почина на 102 години.

Ана починала во нејзиниот дом во Беверли Хилс во четвртокот. Нејзината смрт се случи нешто повеќе од една година по смртта на нејзиниот сопруг во февруари 2020 година. Тие беа во брак 66 години и имаа два сина, Питер и Ерик.

epa-efe
EPA-EFE/ANDREW GOMBERT

Ен беше повеќе од маќеа и никогаш не беше „злобна“. Таа го вадеше најдоброто од сите нас, особено од нашиот татко. Татко ми никогаш немаше да ја има кариерата што ја имаше без поддршката и љубовта од Ана… Кетрин, јас и дедцата ја обожававме, таа секогаш ќе биде во нашите срца“, рече 76-годишниот Мајкл Даглас за „People“.

Ен беше филмски публицист, со Кирк се запознале во 1953 година на снимањето на филмот „Act of Love in Paris“. Ен и Кирк се венчаа во Лас Вегас во 1954 година и имаа друга церемонија на нивната 50-годишнина во 2004 година.

epa-efe
EPA/JUSTIN LANE

Ен беше плоден филантроп. Таа беше една од петте оригинални основачи на истражувањето „Cedars-Sinai“ за карцином кај жените и го основаше центарот за жени Ен Даглас во Лос Анџелес.

Ние сме навистина тажни откако дознавме за смртта на г-ѓа Ен Даглас, саканата вдовица на Кирк Даглас. Семејството Даглас беше длабоко вклучено во напорите на нашата мисија во Лос Анџелес да им помогнеме на бездомниците во нашиот град“, изјави претседателот на Мисијата и извршниот директор Трој Вон во четвртокот.