Хрватската пејачка Северина Којиќ денес го прославува најважниот датум во нејзиниот живот, раѓањето на синот Александар Поповиќ. По тој повод таа со емотивна порака на Инстаграм, му го честиташе роденот на синот, а фотографијата која ја објави ги воодушеви нејзините обожаватели. Имено Северина објави фотографија на која се гледа графит од нејзе и Александар, на ѕидот од една куќа.
„Кога се роди паѓаше снег во Сплит. Кога се роди ти, се родив и јас. Твојата слика привремено не смеам да ја објавам, но графитот кој стои на ѕидот од една куќа, кој тукушто го добив, сè уште не е забранет. Им благодарам на добрите луѓе кои ми го пратија овој графит и му благодарам на авторот….Среќен роденден, чудо мое“- таа напиша во објавата.
Фотографијата е објавена како видео снимка, а во позадина се слуша песната „Успаванка за дечака“, од Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во петокот како резултат на компликации од корона вирус. Оваа песна е посебна за Северина, поради личната битка околу старателството за синот, а своевремено ја препеа и ја изведува на своите настапи.