Раперот Еминем денес го слави својот 50-ти роденден.
Еден од најпознатите рапери е роден на 17 октомври 1972 година. Неговото вистинско име е Маршал Брус Матерс III.
Кариерата ја започна во 1996 година и оттогаш има издадено 11 албуми, добитник е на над 15 Греми награди, како за сопствените достигнувања, така и за работата на туѓи песни и албуми. Магазинот Rolling Stone го прогласи за крал на хип хопот. Тој има своја издавачка куќа наречена Shady Records.
Постигна голем успех со албуми
Пред да ја започне својата соло кариера, тој беше член на групите New Jacks, Soul Intent и D12. Неговиот прв студиски албум Infinite не беше успешен, но раперот вели дека повеќе го гледал како обид да го пронајде својот стил и начин на рапување.
Веќе во 1998 година, тој постигна значителен успех со албумот Slim Shady LP, а магазинот Билборд го оцени како најдобро достигнување на уметник. Две години подоцна, тој го издаде албумот The Marshall Mathers LP, кој исто така беше многу успешен.
Албумот Recovery беше прогласен за најпродаван албум во 2010 година од страна на магазинот Billboard. Песните Not Afraid и Love The Way You Lie го достигнаа првото место на Billboard Hot 100. Еминем оваа година настапи на полувремето на Super Bowl, што е огромна чест за секој изведувач.
Еминем ја има ќерката Хејли, која е родена во декември 1995 година, со неговата поранешна сопруга Кимберли Ен Скот, која ја запознал во средно училиште.
Тој е чист 14 години
Годинава одбележа 14 години откако е чист. Со текот на годините, тој не криеше дека се бори со зависноста од лекови против болки и анксиозност, а неговиот проблем со таблетите започна на снимањето на 8 Mile. Долго време конзумирал апчиња, што го довело до речиси фатално предозирање во 2007 година. Тој настан го поттикна да се отрезни и повторно да се сврти кон музиката.
Еминем неодамна се потсети на тешкиот период од неговиот живот кој е зад него.
“Се сеќавам кога првпат се отрезнав и сè ми беше недостапно. Се сеќавам дека бев навистина среќен и сè беше ново за мене”, рече Еминем. Во 2009 година, раперот го издаде албумот Relapse.
“Тоа беше како да почнав повторно да се забавувам со музика и повторно да учам да рапувам. Ми требаше многу време за мојот мозок повторно да почне да работи”, рече тој.
Пиел по 20 апчиња дневно
Тој не земал апчиња од април 2008 година и рече дека на почетокот бил многу загрижен што претрпел трајно оштетување на мозокот. Тој вели дека во еден момент неговата зависност била толку лоша што земал и по 20 таблети дневно.
„Пиев апчиња секогаш кога можев. Зедов се што ми дадоа“, рече тој.