Во периодот од 2014 до 2016 додека бил министер за економија, Емануел Макрон одржал серија непријавени состаноци со првите луѓе на Убер. Францускиот весник „Л’Монд“ пишува дека Макрон постигнал „таен“ договор со Убер за регулирање на услугите на компанијата на директна штета на постојните традиционални такси компании.

Advertisements

Опозициските пратеници во Париз остро го критикуваа актуелниот претседател, обвинувајќи го за „лобирање во служба на странски приватни економски интереси“. Францускиот претседател бил „идеолог на дерегулација и за глобализациј“, критикува опозицијата од крајниот лев и десен спектар во Франција. Опозицијата бара и парламентарна истрага за претседателот, која може да се покаже засрамувачка за Макрон кој веќе го загуби парламентарното мнозинство.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе