Американскиот пејач Елтон Џон остро го критикуваше Ватикан за неодамнешните изјави за хомосексуалните бракови. Својот став го изјави на својот инстаграм-профил, каде многу обожаватели го поддржаа.

Неодамна Ватикан соопшти дека „Бог не може да го излечи гревот“ и дека остануваат против истополовите бракови, потенцирајќи дека благословите „не можат да се сметаат за легитимни“.

73-годишниот Џон се ожени со неговиот сегашен партнер Дејвид Фурниш во 2014 година, а во 2019 година имаше соработка со Ватикан на филмот „Rocketman“.  Филмот имаше буџет од 40 милиони евра, а заработи 195 милиони евра во киносалите.

Како може Ватикан да одбие да даде благослов за хомосексуалните бракови ако тие се грев, а во исто време да профитираат од инвестирањето милиони во филмот „Rocketman“, филм што ја слави мојата среќа во бракот со Дејвид? Лицемерие“, рече Елтон.

Филмот „Rocketman“ премиерно беше прикажан во 2019 година, а првите информации за вклученоста на Ватикан во финансирањето се појавија во декември истата година.

Италијанскиот весник „Corriere della Serа“ наведува дека Ватикан потрошил нешто повеќе од милион евра за продукција на филмот, но официјално од Ватикан никој досега не ја коментирал оваа информација.

Елтон Џон и Дејвид Фурниш имаат две деца, 11-годишниот Захари и 8-годишниот Елијах. Тие се родени од иста сурогат мајка, Захари во декември 2010 година и Елијах во јануари 2013 година.