Елиот Пејџ го даде своето прво интервју откако на јавноста ѝ соопшти дека е трансродово лице во декември минатата година и замоли веќе да му се обраќаат во машки род.

34-годишниот актер во интервју за „Time“ зборуваше за животната борба со околината и колку тоа му го отежнува секојдневието.

Чувство на вистинска возбуда и искрена благодарност што дојдов до тој момент во животот, измешано со страв и вознемиреност“, вели Пејџ објаснувајќи како се чувствувал по неговата јавна исповед.

Очекував голема поддршка и љубов, но и многу омраза и трансфобија“, вели тој.

Неговата објава на својот инстаграм-профил стана вирална во повеќе од 20 земји ширум светот и му донесе повеќе од 400.000 нови следбеници уште истиот ден. Многу режисери контактирале со менаџерот на Пејџ велејќи дека ќе им биде чест да го вклучат во екипата на нивните следни големи филмови.

Уште од мали нозе, Елиот сакал да има кратка коса и да се облекува во облека за момчиња, а тоа продолжило и во пубертетот, што за него, како што вели, бил чист пекол.

Прифаќал женски улоги, носел перики за да изгледа „попрофесионално“, но никогаш не се чувствувал целосно исполнето.

Едноставно никогаш не се препознав. Долго време не можев ниту да погледам свои фотографии“, вели тој, додавајќи дека му било тешко да ги гледа филмовите во кои глуми феминизирани ликови.

Кога за улогата во филмот „Џуно“ беше номиниран за бројни награди, вклучувајќи ги и Оскарите и Златен глобус, актерот вели дека тешко се справувал со својата „новостекната светска слава“.

По тој филм следеа главни улоги во „Икс Мен“ и „Инсепшн“, а Пејч истовремено се борел со депресија, вознемиреност и панични напади.

Не знаев како да им објаснам на луѓето дека не се чувствувам добро кога треба да носам маица со женски крој, иако сум актер“, вели Пејч, објаснувајќи дека поради таквите ситуации, многупати размислувал да престане да се занимава со глума.

Во 2014 година, тој откри дека е геј, а со години сметал дека неговата кариера ќе страда доколку го
соопшти тој дел од себе. Тогаш почна да носи костуми на црвениот тепих, а во 2018 се ожени со кореографката Ема Портерм но тие се разделија минатата година и официјално се разведоа на почетокот на 2021 година.

Останавме блиски пријатели“, објасни Елиот.

За време на пандемијата, имал доволно време, да размисли за сè и успеал да ги надмине своите стравови.

Конечно бев подготвен да прифатам дека сум трансродово лице, да се препуштам целосно и да бидам тоа што сум“, вели тој, додавајќи дека го инспирирале други познати трансродови лица како Џенет Мок и Ловерн Кокс.

Instagram

Пејџ изјави дека неговата мајка му е голема поддршка. Во интервјуто прозборе и за операцијата за промена на полот што ја направил на крајот на минатата година, како и за фактот дека се чувствува дека е привилегиран во споредба со сите тансродови луѓе кои не можат да си ја дозволат таа операција па затоа како што вели, се обидува да даде сè од себе и да биде гласот на оние кои не можат да се реализираат како него.

Моите привилегии ми дозволија да имам средства да пребродам и да бидам таму каде што сум денес и секако дека сакам да ги искористам тие привилегиии за да помогнам на кој било начин“, објасни актерот.

Знаеме кои сме. Луѓето се држат до тие цврсти идеи за полот, бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат побезбеди. Но, кога би можеле да ја славиме комплексноста на луѓето, светот ќе биде подобро место“, вели Пејџ.