Во градот Херсон рано утринава се слушнале пет експлозии, јавија руските медиуми, додавајќи дека според неофицијални информации, активирани се противвоздушни одбранбени системи.

Херсон, административен центар на поширокиот регион Херсон, е еден од првите градови кои паднаа во рацете на руските сили откако тие ја започнаа нивната инвазија на Украина во февруари.

Претходно, Иван Фјодоров, прогонетиот градоначалник на Мелитопол, град под руска контрола во јужниот дел на регионот Запорожје, преку апликацијата Телеграм изјавил дека во градот одекнала силна експлозија.

Руските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција назначена од Русите, пренесуваат дека  направата експлодирала веднаш до главниот пазар во градот, но дека жртви нема.

Прикажи повеќе