Украинскиот главен град Киев денеска повторно бил цел на руски напади. Неколку експлозии го потресоа централниот кварт Шевченковски во главниот град на Украина Киев во понеделникот наутро, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на апликацијата за пораки Телеграм, а сведоци на Ројтерс пријавија три експлозии. Областа Шевченковски беше погодена од неколку експлозии една недела претходно, на 10 октомври. Агенциите наведуваат дека Киев бил нападат со дронови-камикази.
Руските сили продолжуваат да ја гаѓаат цивилната инфраструктура во градовите и селата низ Украина, додека претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските војници се бранат од повторените руски напади врз стратешкиот источен град Бахмут. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили целат врз повеќе од 30 градови и села низ Украина и извршиле пет ракетни и 23 воздушни напади, како и до 60 ракетни напади во изминатите 24 часа.