Милан Поповиќ е научен комуникатор, кој беше еден од говорниците на неодамнешната конференција „ReThink the Status Quo“ во Белград, во организација на компанијата Филип Морис, која беше посветена на концептот на намалување на штети.
„Дали сте подготвени да прифатите ризик?“, ја праша изненадената публика Поповиќ, кој веднаш по излегувањето на сцената ја потопи раката со вклучена сијалица во сад полн со вода. „Дали ризикував сега? Јас не, бидејќи таа вода е дестилирана. Ги имав фактите и знаев дека оваа сосема чиста вода не е спроводник, туку изолатор. Секогаш кога проценувам ризик, имам факти на располагање. Затоа, знам што е штетно, а што не, без разлика колку слично може да му изгледа на некој што не е вклучен во темата“.
Како поборник за намалување на штетите, Милан Поповиќ за компанијата Филип Морис спроведе компаративна анализа на чадот од цигарите со произведениот аеросол од уредите за загревање на тутунот. Во описот на професијата научен комуникатор е да им се приближи и да им се направи интересна науката на различните групи, од децата преку обичните луѓе до оние кои донесуваат одлуки за финансиската поддршка на научниот труд.
„Имав доволно среќа моите демонстрации да им се допаднат на голем број луѓе, па така бев дел од големите настани за промоција на науката низ светот. Во мојот опис на работа спаѓа и дизајнирањето научни експонати кои сликовито демонстрираат некои од природните закони. Така настана и машината со памучни бели дробови која е страствен пушач“, вели Милан Поповиќ. Тој се обиде да им објасни на возрасните пушачи со научни експерименти, зошто IQOS, уред без чад од новата генерација, е подобар избор за возрасните пушачи од класичните цигари.
Која е разликата помеѓу тутунскиот чад и аеросолот што се создава при загревање на тутунот? Со кој експеримент се докажува тоа?
Тие на прв поглед изгледаат истo. Меѓутоа, како што знаеме, изгледот честопати може да измами. Чад од цигари, аеросол, облак на небото, сето тоа се состои од ситни честички што ја расфрлаат светлината во сите правци и затоа нашите очи ги гледаат како бела маса во воздухот. Разликата е во составот на тие ситни честички, но и во содржината на другите гасови што ги опкружуваат. Има голем број независни научни студии кои потврдуваат дека концентрациите на потенцијално штетните материи се многукратно повисоки во чадот од цигарите отколку во аеросолот. Тоа не го меревме тука, бидејќи веќе е направено. Провлекувавме чад од цигарата и аеросолот низ идентични филтри за да може човечкото око да забележи за што се зборува. По 20 класични цигари, филтерот стана жолт, смрдлив и леплив, поради големата количина на катран. Од друга страна, кај филтерот низ кој помина аеросол нема промена на бојата, додека мирисот речиси и да не може да се почувствува.
Кој експеримент, според ваше мислење, најдобро ја покажува разликата помеѓу уредите за загревање на тутунот и класичните цигари?
Експериментот со филтрите за кој разговаравме е доволно илустративен и ќе предизвика реакција од секој набљудувач. Замислете го тоа како да набљудувате два автомобила, од кои еден од нив вози со 220 км/ч, додека другиот го почитува законското пропишано ограничување. Јас ги очекував тие лепливи траги на катранот, но најголема реакција кај мене предизвика читањето на споменатите независни научни трудови и сознанието кои штетни супстанци и во кои количини се наоѓаат во чадот на класичните цигари. Тоа беше како да сум влегол во тој автомобил што се движи со 220 км/ч и потоа да откријам дека во него нема ни сопирачки ни волан.
Може ли некој од експериментите да се спроведе во домашни услови, со цел и самите пушачи лично да можат да се уверат во предностите на овој уред во однос на класичните цигари?
Нема потреба од тоа. Доволно е само пушачите да ја помирисаат својата маица, да ги погледнат избоените нокти, разликата во бојата на ѕидовите во кои се пуши и во кои не се пуши.
Откаде тоа научник да се занимава со производите на тутунската индустрија и да ја докажува нивната помала штетност?
Па тоа е во описот на мојата работа. Повеќе пати бев придружен член на тимовите на различните големи компании, кои сакаа да укажат на предностите на производите. Некогаш во прашање е водено ладење на преносните компјутери, а некогаш се работи за уредите што го загреваат тутунот, а не го согоруваат. Секој пат, главен критериум за прифаќање на работата беше од етичка природа. Секогаш морав да бидам сигурен дека ја правиме вистинската работа. Да се разбереме, јас сум непушач, не го промовирам пушењето, но ако не сте подготвени да се откажете од цигарите, тогаш најискрено ви препорачувам, врз основа на сето она што сум го прочитал и направил, да се возите со автомобил во рамки на ограничувањето и да имате на располагање и волан и сопирачки.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.