Тројца млади шпански туристи беа приведени во Египет поради снимање „непримерени фотографии“ кај пирамидите во Гиза.
Според „Еџипт индепендент“, тие делумно се соблекле за време на фотографирањето, по што биле приведени од полицијата и испитани.
За време на истрагата, туристите изјавиле дека немале намера да го прекршат јавниот морал. Тие објасниле дека само сакале да направат смешни фотографии за спомен, не сфаќајќи дека ги кршат египетските закони.
По плаќање на парична гаранција од 5000 египетски фунти (околу 90 евра), тие се пуштени на слобода до завршување на истрагата.
Фото: Рипато / Freepik
Текстот Египетската полиција приведе туристи кои се соблекле за фотографија кај пирамидите е превземен од МАКФАКС.























