Постои лесен и јбрз начин да дознаете дали има некаква промена во вас и дали телото ви дава некакви сигнали, пишува „Србија данас“.
Познато е дека еден од главните симптоми на Ковид-19 е губење на сетилото за мирис. Околу 44 до 77 луѓе коишто биле заразени со корона вирусот го изгубиле сетилото за мирис, а кај некои од нив доаѓа и до „пореметување“ на самото сетило, во поглед на интензитетот на самото чувство, па така некои работи за нив имаат малку поразличен мирис од оној стандардниот.
Поради тоа важно е луѓето секојдневно да се обидуваат да мириснат некои работи. Ненадејното губење на сетилото на мирис може да биде ран знак за Ковид-19.
Освен тоа, тестирањето на мирисот може секој да го направи дома, па така тоа може да биде една од алатките во борбата против пандемијата и порано откривање на вирусот (доколку истиот се наоѓа во вашето тело).
Напомена: Губењето на сетилото за мирис не мора задолжително да значи дека заразени со корона вирусот, затоа што не секоја личност која има намалено или изгубено сетило за мирис е заразена со корона вирус.
Еве што треба да правите секој ден дома за проверите дали можеби сте заразени со корона вирус: Додека го пиете првото утринско кафе, проверете дали го чувствувате неговиот мирис. Додека се туширате – помирисајте го шампонот.
Доколку сте го загубиле сетилото за мирис, изолирајте се (превентивно) и контактирајте го вашиот матичен доктор.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.