Си-ен-ен јави дека осомничениот за нападот е во притвор, а полицијата верува дека може да има уште еден осомничен кој сè уште не е фатен. Мотивот за нападот засега не е познат.

Advertisements

„Беше хаотично. Луѓето бегаа, беа исплашени“, изјави портпаролот на полицискиот оддел во Ел Пасо, Роберт Гомез.

Тројцата повредени мажи се хоспитализирани во болница. Двајца од нив се во критична состојба, а состојбата на третото лице е непозната.

Трговскиот центар „Сиело Виста“ каде што се случил нападот е во непосредна близина на продавницата „Волмарт“, каде што на 3 август 2019 година вооружен маж уби 23 луѓе, а речиси дваесетина беа повредени.