Грција останува една од омилените туристички дестинации за македонските државјани.

По пауза од повеќе од една година, ова лето повторно се полнат грчките плажи.

Доколку одите со автомобил не заборавајте ги сообраќајните правила и прописи во спротивно одморот може многу да ве чини.

Потсетување, за неврзан појас казната е 350 евра, за зборување на телефон додека возите ќе треба да платите 100 евра. 350 евра е казната доколку во вашиот автомобил се превезуваат деца без соодветно детско седиште.

За надминување на пропишаната брзина во населено место казните се од 100 до 500 евра.