Прашан дали се предвидува донесување на шести пакет економски мерки, како државна помош за стопанството во земјава, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, вели дека сѐ уште голем дел од средствата предвидени со претходните два пакета се блокирани во Законодавниот дом.
„Ние имаме мерки од Четвртиот и Петтиот пакет коишто се заглавени во Собрание. Нивната имплементација во овој момент ќе вбризга во стопанството над 200 милиони евра“, рече Битиќи, додавајќи дека средствата од тие мерки ја ограничиле загубата, односно падот на бруто домашниот производ минатата година.
– Advertisement –