Елче ги шокираше „лилјаците“ уште во 29. минута со гол од пенал кој го искористи Пере Миља, по што Валенсија успеа да дојде до пресврт благодарение на двата гола на Кавани во финишот на полувремето.

Миља беше човекот кој донесе бод за Елче, откако во 65. минута повторно ја затресе мрежата на домаќините, овој пат од игра за конечни 2-2.

Валенсија е на седмата позиција со 14 бодови, додека Елче е последен во Ла Лига со само три бода.

Прикажи повеќе