Британската пејачка Дуа Липа со потекло од Косово, се најде на насловната страница на новиот број на списанието „Тајм“ – како една од „идните 100 највлијателни луѓе во светот“.
Дуа Липа без сомнение е една од најактелните поп ѕвезди на денешницата. Пред неколку дена, 25-годишната пејачка ја објави обновената верзија на нејзиниот албум „Future Nostalgia“ насловен како „The Moon Light Edition“.
Оттука и песната „We Are Good“ објавена минатта недела досега собра повеќе од 14 милиони прегледи на „Јутјуб“.
Престижниот магазин „Тајм“ ја одбра како една од 100-те највлијателни личности. На листата покрај Липа се најдоа и Ана де Армас, Ања Тејлор- Џој, Хантер Шафер, Џон Дејвид Вашингтон и други.
Се чини дека 2021 година започна на прекрасен начин, и уметнички и професионално, за младата пејачка.
„Дуа Липа е сјајна ѕвезда, која неверојатно се пробива низ поп-светот“, изјави Кајли Миног за „Тајм“.
„Ви благодарам „Тајм“ и Кајли Миног за убавите зборови. Вистинска чест е да се виде на насловната страница“, напиша Дуа Липа на својот интаграм-профил.