
Претставници на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) го обвинија косовскиот премиер Албин Курти дека заедно со косовскиот амбасадор во Хрватска, Мартин Беришај е вмешан во финансиска афера за која подолго време се објавува на медиумите во Словенија. Членот на Претседателството на ДСК Џафер Тахири на прес-конференција изјави дека последната изборна кампања на Курти била финансирана со сомнителни пари.
„Овој скандал е се поголем и поголем. Според последните информации, станува збор за околу 100 милиони евра од компанијата ГЕН, која е осомничена дека ја финансирала кампањата на Курти преку подружница во Тирана, каде се префрлени 14 милиони евра“, рече Тахири.