На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.084 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани.
Со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Од понеделник, 12 јули, почнува масовната вакцинација на населението и секој кој не се пријавил, слободно може да дојде и да се вакцинира на некој од вакциналните пунктови.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од понеделник може да се вакцинира и младата популација од 12 до 16 години која досега не беше опфатена во планот за вакцинирање на населението. Децата на возраст од 12 до 16 години ќе се вакцинираат исклучиво со „Фајзер“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.