Во Велика Британија е откриен уште еден вид коронавирус со потенцијално загрижувачки пакет-мутации, ја пренесува „Гардијан“ загриженоста на експертите.
Видот, познат како Б1525, е предмет на извештајот на истражувачите од Универзитетот во Единбург, кои велат дека е откриен со геномско секвенционирање во 10 земји, вклучувајќи ги Данска, САД и Австралија, а во Велика Британија досега се откриени 32 случаја.
– Advertisement –
Тимот вели дека варијантата во својот геном има сличности со варијантата во Кент, Б117, и содржи голем број мутации, што ги загрижуваат истражувачите.
Оваа мутација E484K е присутна и во соеви што се појавија во Јужна Африка и Бразил и се смета дека го прави вирусот поспособен да избегне неутрализирање на антителата произведени од телото.