Секој што имал габички на нозете знае колку е тешко да се справи со нив и колку се упорни.
Нив најчесто ги „собираме“ на влажни места – заеднички тушеви или базени се вообичаени извори на габични инфекции. Уште ако имате и атлетско стапало, поголеми се шансите дека габичките ќе прејдат на вашите нокти.
Ако се сомневате дека имате габична инфекција, задолжително обратете се кај лекар.
Лекувањето се изведува со различни третмани и лекови. Меѓутоа, постојат и алтернативни методи, кои се многу ефикасни во борбата против овој проблем, а кои можете да ги испробате во домашни услови.
Ви предлагаме рецепт што е едноставен за подготовка и употреба.
Сода-бикарбона и оцет
Оцетот ефикасно ги убива габичките. Тие не сакаат кисела средина, а сода-бикарбоната ќе ја неутрализира киселината.
Потребни состојки:
– вода
– 1 чаша јаболков или алкохолен оцет
– 4-5 лажички сода-бикарбона
– салфетки
Подготовка:
Ставете го оцетот во водата. Потопете ги стапалата 15 минути, а потоа избришете ги со салфетки. Потоа, натопете ги нозете во друг сад со вода, во кој ќе растворите 4-5 лажички сода-бикарбона. На овој начин, оцетот ќе ги убие габичките, а сода-бикарбоната ќе ја неутрализира киселоста, со што се спречува повторен развој на габичките.
Повторете го третманот двапати на ден. Мора да бидете упорни, затоа што габичките, исто така, се многу упорни.