Дочекајте го летото подготвени…
Целулитот е прилично честа појава и ги погодува повеќето жени, а ретки се оние срќнички кои можат да се пофалат со совршен изглед на кожата.
Појавата на кора од портокал не зависи само од вашата тежина, дури и најслабите жени мачат мака со целулитот. Целулитот обично се јавува поради наталожени масти, протеини и токсини кои телото не ги елиминира и на крајот тие масти се складираат во телото и се појавуваат во вид на нерамнина која често знае да ја наруши самодовербата.
Веќе ни е јасно дека целулитот не може да исчезне преку ноќ, но постојат одредени мелеми или во овој случај пилинзи кои можат да помогнат во разградувањето на кожата која наликува на кора од портокал. Главната состојка на овој пилинг е кафето, за кое се верува дека многу ефукасно го отстранува овој естетски проблем. Во прилог на тоа говори и фактот дека речиси сите скапи препарати против целулит во својот состав содржат кафе или неговата активна состојка, коефеинот.
За подготовка ќе ви биде потребно:
– 1 шолја мелено кафе
– 1 шолја кафеав шеќер
– 1 поголема лажица маслиново масло
Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги додека да добиете хомогена смеса и претурете ги во стаклена тегла. Пилингот чувајте го во фрижидер и користете го 2 пати неделно.
Начин на примена:
Со кружни движења нанесете го пилингот на проблематичните точки и оставете го да делува околу 15 минути, а потоа измијте се со ладна вода.