Американската кантри пејачка и актерка Доли Партон побара од државата Тенеси да ги запре плановите за поставување на нејзина статуа пред парламентот.

Илјадници луѓе го подржаа предлог законот за поставување статуа на Доли Партон во близина на зградата на парламенотот на Тенеси, сепак Партон засега само се заблагодари.

Ме радува нивната намена, но ги замолив пратениците да не го разгледуваат законот“, напиша ѕвездата на социјланите мрежи.

Instagram
Instagram

Таа побара законодавниот дом на сојузната држава Тенеси да ги запре плановите за поставување на нејзина статуа во Нешвил Како што вели, сега не е вистинското време за ова.

Со оглед на она што се случува во светот, мислам дека во овој момент не е соодветно да ме постават на пиедестал“, напиша кантри пејачката и актерка.

75-годишната ѕвезда додаде дека е „почестена“ од гестот.

Сепак, се надевам дека еден ден по неколку години од сега или кога ќе ме нема, ако сè уште сметате дека го заслужувам тоа, тогаш сигурна сум дека ќе стојам гордо во нашиот голем државен капитол како благодарна жителка на Тенеси“, додаде таа.

Партон со години се дистанцира од политиката, таа еднаш изјави дека двапати го одбила поранешниот претседател на САД Доналд Трамп кој сакал да ѝ го додели Претседателскиот медал на слободата.

Доли неодамна рече дека и Бајден ѝ се обратил во врска со доделувањето на еден од највисоките медали во земјата.

Не работам за тие награди… Тоа би било убаво, но не сум сигурна дека го заслужувам“, додаде Партон.

Во ноември минатата година, ѕвездата донираше 1 милион американски долари на медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт во Нешвил каде се истражуваше и развиваше вакцината „Модерна“.