НОВИОТ документарен серијал на Нетфликс, Хари и Меган, предизвика бурни реакции во јавноста. Серијата е наречена „Американско пропагандно ѓубре“, а Хари и Меган се на удар на критики поради искористување на целата приказна за излегување на кралското семејство за лична и финансиска корист.

Колку добија за снимањето на серијата?

Минатиот четврток беа објавени првите три епизоди од серијата, во кои парот ќе раскаже се за нивната врска, од самите почетоци до болните моменти со кои мораше да се соочи.

Но, сите се прашуваат само едно. Колку точно ги чинело споделувањето интимни и за нив тешки моменти со јавноста?

Според странските медиуми, Хари и Меган добиле 100 милиони долари за снимањето на серијата. Но, тоа е само дел од нивната заработка од споделувањето на сите тие болни моменти со гледачите.

Бизнисот цвета

Имено, откако решија да ги напуштат обврските во кралското семејство, Меган и Хари изградија медиумски брендови преку кои сакаат да ја раскажат својата приказна.

Тие ги основаа медиумските компании Archwell Audio и Archwell Productions, а Меган го лансираше подкастот Archetypes на Spotify под нејзината продуцентска куќа, за што доби 18 милиони долари за тригодишно снимање.

Покрај тоа, Хари потпишал договор вреден 20 милиони долари за објавување на неговите мемоари.