Асистент за кетеринг од Бакингемската палата, кој украл медали и фотографии од резиденцијата на кралицата, денеска е осуден на осум месеци затвор.

Адамо Канто (37) украл предмети што вклучуваат потпишани фотографии од војводата и војвотката од Кембриџ и албум со фотографии од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија, пренесува „Би-Би-Си“.

Полицијата соопшти дека некои предмети, вредни помеѓу 10.000 и 100.000 фунти, се огласени за продажба преку Интернет. „Значителна количина” на украдени предмети е вратена по претресот на просториите на Канто во палатата во која работел од 2015 година.

Вкупно 37 предмети биле понудени на продажба со „значително” пониска цена од нивната реалната, а Канто заработил 7.741 фунти.