ПОЛНА Месечина ќе се случи во Овен во недела на 9 октомври. Периодот на полна месечина во астрологијата се смета за предизвикувачки и напнат, но и можност за промени. Ова е време да застанете за момент и да направите сметка за себе и вашиот живот. Ова треба да ве поттикне да почнете да ги менувате работите што ве прават несреќни. Овие знаци ќе бидат особено чувствителни на влијанието на октомвриската полна месечина:

Овен

Акцентот ќе биде ставен на меѓучовечките односи. Некои врски или пријателства во последно време се соочуваат со пречки, а сега ќе сфатите дека сте имале улога во тоа. Кога ќе го преземете својот дел од одговорноста за ситуацијата, работите може да почнат да се менуваат на подобро. Научете ја лекцијата и во иднина бидете повнимателни кон луѓето што ги сакате и покажете разбирање за нивните потреби.

Рак

Ќе почнете да ја преиспитувате вашата работа, вашата кариера и насоката во која се движите. Доколку не сте задоволни и не уживате во работата, сè повеќе ќе ве привлекува помислата за промена. Не знаете како да го направите првиот потег, но тоа не е толку важно во моментов. Во овој момент клучно е да станете свесни што сакате и да донесете одлука за понатамошно дејствување, а следниот месец ќе ви даде можност тоа да го остварите.

Јарец

Полната месечина го става фокусот на вашиот семеен живот.Веројатно сте го запоставиле поради работата и кариерата, но ќе сфатите дека и покрај пожртвуваноста не сте ги постигнале целите. На патот кон врвот се оддалечивте од блиските луѓе и не знаете како повторно да им се приближите. Сега е време да донесете одлуки кои ќе ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат и да воспоставите поздрав баланс помеѓу работата и животот.