Жителите од украинските региони Доњецк и Луганск контролирани од Москва ги завршија последните подготовки за отпочнување на референдумското изјаснување за отчепување од Украина и присоединување со Русија.
Повикани се сите граѓани на самопрогласената Народна Република Доњецк со право на глас.
Ова го изјави шефот на избирачкиот штап на сепаратистите.
Набрзина свиканите референдуми на четири територии на истокот и југот од земјата следат откако претседателот Владимир Путин драматично најави делумна мобилизација за да ги зајакне руските линии на фронтот во Украина.