Брисел ја чекаше одлуката на полскиот Уставен суд уште од летово и стравуваа од епилогот за таа одлука. Пресудата во четвртокот (7 -ми октомври), според која правото на договори за ЕУ не е во согласност со полскиот Устав, предизвика бес во европските институции и практично во сите кампуси на Европскиот парламент. Одлуката на судот практично се сфаќа како почеток на Полексит, односно пат без враќање кон напуштање на ЕУ, пичува Дојче Веле.

Advertisements

Уставниот суд во Варшава прогласи за неуставни одредени делови од европското право. Ова првенствено се однесува на правото на ЕУ да интервенира поради закана за владеењето на правото во нејзините земји -членки. Фактот дека Варшава ги потпиша европските договори не значи дека го предаде својот правен суверенитет во рацете на ЕУ, заклучи полскиот Суд.

Полска наскоро без пари и право на глас?

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли рече дека таквата одлука нема да остане незабележана.

„Приматот на правото на ЕУ мора да биде неспорен“, напиша тој.

„Ја повикуваме Европската комисија да ги преземе неопходните чекори“.

Од своја страна пак, полскиот премиер денеска ја поздрави одлуката на Судот, во која се вели дека некои делови од договорите на Европската унија се некомпатибилни со полскиот устав, пренесе Ројтерс.