Овен
Многу нови идеи и можности за напредок во кариерата ќе имате денес. Ќе бидете како магнет за истомисленици кои ќе бидат желни да ви се придружат во вашите потфати. Не ги одбивајте, заедно ќе бидете многу посилни. Нов колега ќе ви ја донесе промената во работната атмосфера која ви беше потребна. Ќе бидете полни со елан.
Бик
Грижите и нервозите ќе ги замените со уживање во малите работи. Разбудете ги и другите околу вас и подигнете им ја свеста. Започнете со некоја спортска активност, но одржувајте баланс помеѓу активноста и одморот. Не одете во крајности. На љубовно поле барате нешто што ќе ве извади од монотонија и летаргија.
Близнаци
Бидете чувствителни кон другите и направете компромиси тогаш кога е потребно. Денот ви носи ситуации кога ќе можете подобро да ја разберете својата емоционална страна и да ги видете работите во подобро светло. Ќе се соочите со мали проблеми на работното место од кои, сепак, ќе најдете излез. Ќе успеете и да профитирате од тоа.
Рак
Можни се нови работни понуди. Разговарајте со член на вашето семејство за вашите планови за идните промени – најдобро е да одлучувате заедно како да постапувате. Во афект, не правете работи што ја иритираат саканата личност. Ако сте сингл, моќта на заведување ви е на највисоко ниво. Привлекувате како магнет.
Лав
Ви доаѓа очекуван прилив на пари. Ќе бидете задоволни од околностите на ова поле. Живеете мирен емотивен живот и со партнерот имате сѐ што ви е потребно. Сметате дека сте направиле добар избор. Можно е саканата личност да ви соопшти некои лоши вести. Со ваша помош, заеднички ќе ги пребродите проблемите.
Девица
Непотребно предизвикувате нечие незадоволство. Набрзина сте прифатиле нечија понуда и сега ќе жалите за тоа што сте го кажале или направиле пред вашите соработници. Бидете повнимателни пред лицето кое ве обврзува на одредени услови или деловно-финансиска соработка. Ќе имате поголемо разбирање за другите.
Вага
Во последен момент ќе се откажете од некој проект, затоа што сметате дека заслужувате многу повеќе. Денеска ќе почувствувате дека саканата личност малку ве „гуши“ па ќе се обидете да најдете начин како го избегнете. Ако сте сингл, можност за нова афера, но ќе размислувате за разликата во годините. Ве очекува опуштеност и среќа.
Скорпија
Ако се откажете од некои фикс идеи многу полесно ќе постигнете компромис и ќе излезете од конфликтна ситуација. Внимавајте да не станете целосно зависни од партнерот. Во работата ќе имате шанса да се покажете и да оставите печат по кој ќе бидете препознатливи. Бидете дискретни со информациите кои ви се доверени од надредените.
Стрелец
На деловно поле, ќе добиете совет од последната личност од која очекувате нешто такво. Земете го со резерва, но не го игнорирајте. Завршете ја работата на време. На емотивно поле, понекогаш е тешко да се повлече јасна линија или да се постави знак на еднаквост, помеѓу гласот на разумот и неконтролираните емоции.
Јарец
Нема причина да делувате каприциозно или мистериозно во друштво на некој близок. Вие будите нечиј сомнеж. Без оглед колку упорност или тактика спроведувате кон деловните партнери, сепак, нема видливи промени. Следете го примерот на една успешна личност од вашето опкружување и не ризикувајте непотребно.
Водолија
Изгледа интересна финансиска можност наскоро би можела да „тропне“ на вашата врата. Ако не денеска, тогаш многу набрзо. Можеби на повидок е нова работа или унапредување со зголемување на платата, во секој случај доаѓа нешто убаво за вас. Во зависност од тоа колку искуство имате, ќе напредувате исто толку.
Риби
Подгответе се за детален преглед на сè што сте направиле досега. направете сè што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен, отколку што сте мислеле.