Овен
Морате да бидете објективни и да внимавате на своите постапки. Воздржете се од љубовната акција, може многу да се разочарате. Желбата за љубов е присутна, но сѐ ќе се сведе само на фантазијата.
Бик
Со партнерот сте на различна бранова должина и никако да се усогласите, но добро функционирате. На нов начин му пристапувате на светот околу себе со желба да извлечете максимум. Практични сте повеќе од вообичаено.
Близнаци
Ако физички сте раздвоени од партнерот, во мислите сте заедно. Вам повеќе ви одговараат вербални и ментални активности отколку физички. Насочени сте кон јавноста, па немате време да се свртите кон својот случај.
Рак
Многу Ракови ќе се потрудат да ги стабилизираат брачно-партнерските односи, некои, пак, ќе влетаат во брачни води. Доколку сте осамени, ќе се чувствувате лошо. Може да се јави проблем со крвната слика.
Лав
Потрудете се од моментната ситуација да извлечете максимум. Продолжете со здравата исхрана, благодарение на неа сте полни со енергија. Партнерот очекува повторно да биде најбитен во вашиот живот, разговарајте.
Девица
Денеска ќе сакате да се дружите и да решите некои проблеми. Расположението дополнително ќе ви го подигне глас оддалеку. Прифатете го секој предизвик. Ќе се најдете во љубовна дилема. Послушајте го гласот на срцето.
Вага
Успешен ден е пред припадниците на овој знак. Крајно време е да си најдете друга занимација. Ќе бидете задоволни и убави. Здравствените проблеми ќе ги санирате со природни лекови.
Скорпија
На повидок е интересно патување кое многу ви е потребно. Нешто ве вади од контрола, претеравте со изливите на нежност. Грешите ако мислите дека партнерот не ви враќа во иста мера. Можни се добивки и награди. Околностите ви се наклонети, успех на работното место.
Стрелец
Потрудете се од животот да го земете максимумот и да не се оптоварувате со мали нешта. Прекрасно ќе се чувствувате. Пазете се од инфекции и алергиски реакции. Немојте да озборувате, сѐ се враќа.
Јарец
Сите убави работи ви одат од рака, особено оние кои се однесуваат на љубовта и здравјето. Одлично соработувате со блиските, здружете ги силите и ќе постигнете сѐ што е можно. Вашиот партнер ќе ви приреди прекрасни моменти.
Водолија
Многу Водолии се комуникативни, креативни и добро расположени. Потрудете се партнерот да не ви го расипе денот. Насочете се кон себеси и кон она што го сакате. Една работа ќе се комплицира, но не се нервирајте.
Риби
Доколку се изразувате на пасивен начин, ќе можете да ги искажете своите желби и чувства. Во спротивно, околината ќе ве смета за мистерија. Избегнувајте понуди кои не ви се допаѓаат.