Овен

Денес ќе научите нешто ново за себе, а реакциите на различни ситуации ќе ви помогнат во тоа. Генерално сте во добра форма, освен заморот што полека ве совладува. На љубовно поле време е да ја спуштите маската и да го покажете вистинското лице. Советите од поискусните колеги ќе ви бидат од корист, прифаќајте ги.

Бик

Ќе ви се укажат нови деловни можности, особено ако вашата работа подразбира патување, многу средби, комуникативност. Бидете реални кога станува збор за вашите очекувања од партнерот. Она што сега го барате е слобода, а не партнерот да ви ја наметнува својата волја. Не сте задоволни од вашата врска.

Близнаци

Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома, во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и прониклива. Ќе имате одлични идеи. Одличен ден за специфични комуникации, кои бараат чувство за посебен талент.

Рак

Денот не е поволен за барање на работа, доколку ја немате. Почекајте малку. Некои поголеми трошоци се пред вас. Потрудете се да бидете умерени. Физичката привлечност е нешто што за вас ќе биде примарно при изборот на идеален партнер. Можно е да ја раскинете сегашната врска. Ви се допаѓа друга личност.

Лав

Немојте да очекувате дека денес ќе остварите некој значителен напредок на деловен план. Бидете пореални. Тешко ви е да признаете пораз на љубовен план. Ќе се вратите на некои грешки кои и претходно ви создале проблеми. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.

Девица

Емотивно сте мошне ладни. Ако сте сами, тоа ви одговара. Ако сте во врска, партнерот ќе ви забележи. Внимавајте да не ги повредите емоциите на партнерот. Дадете му поддршка на саканото лице на секој можен начин. На деловно поле, немојте да очекувате поддршка од страна на колективот. Можни се ситни грешки и пропусти.

Вага

Го покажувате својот максимум на работа. Вашата кариера и денес ќе стагнира, но не грижете се, следуваат подобри денови во блиска иднина. Секоја деловна понуда која може да ви помогне на финансиски план треба да ја прифатите. Нека ве води вашата непогрешлива интуиција. Секогаш можете да се потпрете на партнерот.

Скорпија

Во работата би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и сѐ ќе се разјасни. Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Во љубовта потребни ќе ви бидат вниманието и емоциите од партнерот, побарајте ги на вистинскиот начин.

Стрелец

Ви треба помош од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. Материјалната страна ќе дојде до израз и ќе правите планови за нејзино подобрување. Можна е и добивка кај член од семејството. Почнувате да се навикнувате на навиките на партнерот и на фактот дека и тој има мани, како и сите.

Јарец

Ќе добиете понуда за партнерство, сепак ви се советува најпрво добро да ги проверите сите информации. Можна е измама. Постои можност со партнерот да заминете на пат, каде ќе го надоместите загубеното. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури. Некој предлог од пријател може да ве разочара.

Водолија

Во љубовта ви претстои заладување на односите со саканото лице. Можно е тоа да се сомнева во вас. Искористете ја неделата за добро да се организирате. Сите аспекти на деловното поле се поволни. Време е да направите некои посериозни промени. Свесни сте дека не можете да се потпрете премногу на кој било освен на себе.

Риби

Ќе бидете многу пријатно изненадени од веста што ќе ја добиете од еден соработник. Меѓутоа, тоа не е сѐ, бидејќи во текот на заедничката работа најверојатно ќе се развијат и некои чувства помеѓу вас. Не донесувајте нагли одлуки. Премногу сте чувствителни на критики. Водете сметка за секој изговорен збор.