Овен

Избегнувате да се сретнете со партнерот, но тој инсистира да ве види. Можеби комуникацијата со него понекогаш е чудна, можеби нема да сфаќате сѐ од првпат, може ќе дојдат периоди на тишина и молчење, но генерално, не би требало да имате посериозни проблеми со партнерот. Барем не оние што не можат да се решат набрзина.

Бик

Денес ќе се однесувате весело, како ништо да не ве мачи. Можно е убаво дружење без емотивни полнења. Ќе имате голема желба и потреба за да ги презентирате своите способности, но сè уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба.

Близнаци

Тоа што во некои други животни ситуации не сте баш најзадоволни, нема да влијае врз односот со саканата личност. Комуникацијата со колегите не е најдобра. Колегите отворено ве известуваат каде грешите, иако вашата суета и горделивост не ви дозволува да го признаете тоа. Вашиот поранешен партнер ви ги обзема мислите.

Рак

Скриените чувства ќе испливаат на површина денес. Некој ќе ве охрабрува да се соочите со потиснуваните емоции. Ако во вашето срце сè уште чувате огорченост кон личност која некогаш ве повредила, сега е време да ѝ простите и да ја заборавите. Не се форсирајте себеси. Во претстојните денови, ќе имате потреба од грижа за себе.

Лав

Емотивно незадоволство и чувство на неисполнетост, е моменталната слика кај вас. Причините можат да бидат различни – недоволно време поминато со саканата личност, неисполнети очекувања, некои сомнежи или тајни што ги имате, поинтензивна љубомора. Чувството на воздржаност го држите во себе, затоа страда емотивниот живот.

Девица

Немојте да ѝ правите притисок на саканата личност, и наместо тоа потрудете се да се опуштите за да избегнете проблеми. Не се нервирајте за проблемите на работа. Со мирна глава може да се пронајде решение за секаков проблем. Оставете барем еднаш партнерот да ги брани општите интереси. Тој ќе се соочи многу подобро од вас.

Вага

Мали проблеми ве очекуваат на работа, но успевате да ги решите. Финансиите се проблематични. Партнерот е многу загрижен за лошите финансии и вие се согласувате со неговото гледиште за ситуацијата. И вие сте мошне загрижени, но тоа не го покажувате пред него, со цел да не го депримирате. Ќе се извлечете од кризата.

Скорпија

Сите околу вас ќе се однесуваат непредвидливо, но не дозволувајте ова да влијае врз вашето расположение. На работното место ќе ги дефинирате вашите цели и ќе направите детален план за следниот чекор. Во љубовта ве очекуваат возбудливи моменти, само денес избегнувајте ги сериозните одлуки. Бидете пофлексибилни.

Стрелец

Ќе се ослободите од некаква нејаснотија, што ќе ја видите пред да ја забележат другите. Сепак, не се однесувајте како сѐ да знаете, туку дадете им шанса и на другите. Вљубените би можеле на саканата личност да ѝ предложат нешто поврзано со заедничкиот дом. Правете помали планови, за да се изненадите од поголемите резултати.

Јарец

Некој во вас отвора ново сомневање, па затоа не сакате да зборувате гласно за вашите бизнис-финансиски или приватни планови. Сепак, премногу дискреција од ваша страна остава негативен впечаток на вашите соработници. Љубовниот живот не е натпревар, па не се однесувајте така. Ви претстои период преиспитување.

Водолија

На работа сте доста вредни и оптимисти. Развивате деловен план и користите доверливи информации што ги добивате од пријатели. Вие сте загрижени за однесувањето на вашиот партнер. Се сомневате дека тајно се допишува со некого. Наоѓате заеднички јазик за некои работи, а за некои не, и тоа ве измачува цело време.

Риби

Не сте задоволни од односите со пријателите. Имате впечаток дека нешто кријат од вас и дека се неискрени. За разлика од тоа, многу сте задоволни од врската со саканата личност и сакате вашиот однос да остане вечно ваков. Меѓутоа, истовремено и многу сте љубоморни, но го криете тоа. Поработете на тој проблем.