Директорот Куштрим Рамадани во интервју за Телма открива дека земјава четири пати без најава презела електрична енергија од европската мрежа за што добила четири предупредувања

Ниту производството, ниту пак увозот на електрична енергија не можат да ја покријат потрошувачката во земјава, вели директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани.

Тој во интервју за Телма вели дека енергетката криза во земјава е реалност, односно се троши двојно повеќе од што се произведува.

И на крајот вели дека, ова само за еден месец може да го чини МЕППСО 15 милиони евра, пари кои компанијата ги нема сметка.

-Имаме недостаток на електрична енергија. Според првичните извештаи, во секој час колку се произведува електрична енергија, еве конкретно за 23 октомври ситуацијата е следна: произведени се 500 мегавати, а конзумацијата е 1 000 мегавати. Ако тука се додаде и увозот, ќе се добие дека 315 мегавати ни фалат во мрежата,  вели тој.

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.